„ Работилница со Моханџи” од 29-ти ноември во Охрид

- Локални
1035

Тимот на „Монхаџи Македонија“  сите заинтересирани ги поканува на „ Работилница со Моханџи” којa ќе се одржи во Охрид во хотел “Инекс Горица”, покрај Охридското езеро, а лоциран во преубава борова шума. Работилницата ќе се одржи од 29 ноември (почеток 18:00) до 2 декември 2017 година (до 12:00 часот).

Оваа Работилница ви нуди можност повторно и длабоко да се поврзете со Себе, да искусите мир и да добиете одговори на вашите прашања директно од духовниот учител Моханџи. Во текот на овие неколку денови ќе се практикуваат вежби на дишење (пранајама), духовни техники за внатрешно прочистување под директно водство на Моханџи, исто така ќе се практикуваат медитациите “Моќта на Чистотата”, “360 степени”, “Цутење на Љубовта”, “Блаженство на Тишината” и динамичката медитација “Свесно одење”. Ќе имате несекојдневна можност да бидете во присуството на Моханџи кое само по себе носи длабока трансформација.

Ќе се практикуваат Јога вежби под водство на јога инструкторката Деви Мохан по програмата на Хималајската Школа по Традиционална Јога која е резултат на знаење стекнато во текот на децении на интензивни студии и бројни истражувања. Исхраната ќе биде веганска што ќе ги засили процесите на детоксикација и внатрешно чистење. Главен фокус на Работилницата ќе биде детоксикација на сите нивоа низ секој од петте елементи кои го сочинуваат нашето тело, и тоа:

– целуларно ниво: низ супер интензивното “свесно дишење” на Моханџи, како и низ другите Пранајами и Шаткарма техники низ кои ќе не води Деви Мохан (елемент на воздух);
– физичко ниво: низ јога асани, Свесно Одење, внимателно одбрана веганска храна и утринска терапија со вода;
– емоционално ниво: низ медитација, тишина, благословување и простување (елемент на простор-ум) влегуваме во безусловна љубов;
– духовно ниво: низ Шактипат (елемент на оган).

Пријавување и повеќе инфо за Работилницата на 070338480 или на мејл адреса [email protected].

Strugaonline

Facebook Коментари