Работилница за здрава исхрана со Д-р Јадранка Бибан во Струга

- Здравје, Локални
214

Во понеделник со почеток во 12:00 часот во Ресторан „Станица Оаза“ во Струга ќе се одржи бесплатна работичница за здрава храна под мотото „Во кујна наместо во болница“ со Д-р Јадранка Бибан.

Храната е силен лек, но само ако правилно се употребува. Човечкото тело има способност за самозаштита и самоизлекување, доколку е во согласност со природните принципи на исхрана според тоа како што го дизајнирала природата.

Д-р Јадранка Бибан е еден од првите доктори на нашиве простори кои отворено проговорија за значењето на исхраната во превенција и лекување на современите хронични болести. Таа укажува на неопходноста исхраната да го завземе централното место во лекување на хроничните болести, како што се бројни кардиоваскуларни болести, хормонски пореметувања, автоимуни и дегенеративни болести, карциноми, состојби на дебелина, болести на дигестивниот тракт, анемии, алергии и многу други дијагнози.
Ваквиот пристап кон исхраната веќе станува практика во многу познати и признати клиники ширум светот.

Д-р Јадранка Бибан е специјалист по гинекологија и акушерство, експерт и едукатор за превенција и лекување на болестите со храна и со здрави животни навики. Таа е еден од практикантите и поддржувачите на таканаречената „Медицина – Животен Стил“.

Strugaonline

Facebook Коментари