РК Струга се бори за бараж во Првата лига

- Локални, Спорт
736

Екипата на Вардар Неготино го совлада Металург Јуниор со резултат 29:27, а овој резултат на нашите ракометари од РК Струга им дава последна шанса да се борат за бараж во Првата лига.

Откако Неготинци го совладаа Металург Јуниор сега разликата меѓу Металург Јуниор и Струга на табелата е само еден бод.

Во следното коло, Струга игра  на гости во Скопје, па на дерби натпревар што е бараж пред баражот ќе се одлучи која екипа ќе го освои второто место во Првата лига и ќе игра бараж со последниот тим од Супер лигата.

Бутел Скопје и формално стана првак на Првата лига и следната сезона ќе добие покана да се натпреварува во Супер лигата.

Извор: g-sport.mk

фото: aрхива

Strugaonline

 

Facebook Коментари