Веслачкиот клуб „Црн Дрим“- Струга се подготвува за Медитеранските игри

- Локални, Спорт
192
Веслачкиот клуб  „Црн Дрим” – Струга овој месец настапи на две меѓународни регати во Пловдив, Бугарија каде се закити со следниве одличја:
Во конкуренција на стари јуниорки:
Магдалена Карамитреска освио 3-то место.
Во конкуренција на млади јуниорки:
Ксенија Краљевска освои 1-во место.
Во конкуренција Пионери(Почетници)
Никола Мариноски освои 2-ро место.
Филип Чабасоски освои 3-то место.
Матеа Чуркоска освои 1-во место.
Веслачкиот клуб „Црн Дрим” – Струга прославувајќи го својот голем јубилеј триумфираше и на Струшката Меѓународна регата “Struga Open 2018”:
Марјан Влаќески 1 место (Скиф- Сениори)
Ксенија Краљевска 3 место (Скиф- Млади Јуниорки)
Магдалена Карамитреска 1 место (Скиф – Стари Јуниорки)
Магдалена Карамитреска & Ксенија Краљевска 2 место ( Дубал – Јуниорки )
Елена Столеска 1 место ( Скиф – Пионерки )
Матеа Чуркоска 2 место (Скиф – Пионерки)
Предводени од тренерот Марио Јованоски
Што се однесува до идните активности, во период од 14.06.2018год. – 24.06.2018год, селекторот на Веслачката репрезентација, Марио Јованоски, заедно со Марјан Влаќески заминуваат на  подготовки во Грција – Шинијас за медитеренски игри во Шпанија.  Марио Јованоски ќе го збогатува  своето знаење од поискусните колеги од Грција, а Марјан Влаќески ќе ја претставува Република Македонија за прв пат на Медитеранските игри  кои ќе се одржат во период од 26.06.2018  до 01.07 2018.
Strugaonline

Facebook Коментари