Владимир Плавевски и Елена Пренџова-добитници на наградата „Крсте Чачански“ односно „Јован Котески“

- Локални
1575

Културниот центар „Бран“ и ревијата за книженост „Бранувања“ од Струга, годинава по осми пат ги доделува наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“

Добитници на наградите „Кресте Чачански“ и „Јован Котески“ се македонските писатели Владимир Плавевски за збирката раскази „МОМИНИ СОЛЗИ“ и Елена Пренџова за поетската збирка „Шшш… (интермистичка вибер поезија).

„Владимир Плавевски е доблесен раскажувач во македонската проза, кој со секое ново дело се вивнува на сè повисоко место. Неговата збирка на раскази „Момини солзи“ е потврда  за ваквиот заклучок. Затоа се случи едногласно да биде избрана од жирито за доделување на наградата „Крсте Чачански“. Има повеќе причини за тоа, но основната е дека пред нас имаме уметничко дело во кое реализмот и магичниот реализам меѓусебно не си противречат, туку се надополнуваат и отвораат видици што поттикнуваат восхит. И покрај временскиот опсег од два ипол милениуми, во кој се сместени настаните во расказите, авторот подеднакво е успешен и кога пишува за современоста, поблиското или далечното минато. Затоа збирката раскази „Момини солзи“ од Владимир Плавевски го заслужува вниманието, како на критиката, така и на читателите“ стои во образложението на Одлуката на жирито во состав Стефан Марковски, Д-р Мерсиха Исмајлоска и Тоде Илиевски.

Владимир Плавевски роден е во 1948, е романсиер, драмски писател, фотограф, режисер, доктор ОРЛ специјалист. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.

Објавил повеќе десетина  книги, а има освоено повеќе награди и признанија , носител е на наградата Роман на годината за 2013 година за романот „Јадица“.

Одржал  23 самостојни  изложби на фотографија.

„Наградата „Јован Котески“ годинава се доделува на книгата „Шшш…(интимистичка вибер поезија)“ од поетесата Елена Пренџова од Скопје. Станува збор за љубовна интимна поезија која содржински и визуелно создава една искрена доживеана поетска книжевна творба. Пренџова е веќе зрел и оформен автор, а тоа го потврдува и со оваа своја најнова лирска книга. Во најтесен избор за наградата се најде и поетскиот ракопис „Молитвеник“ од предходниот живот од поетсесата Сузана Мицева од Струмица“ е образложениетво во одлуката за наградата од жири комисијата Зоран Јакимоски, Проф. др Христо Петрески и Др Марина Мијаковска.

Досегашни добитнци на наградата „Крсте Чачански“ се Христо Петрески, Милован Стефановски, Петре Димовски, Марина Мијаковска, Добре Тодоровски, Васил Тоциновски и Стефан Mарковски.

Елена Пренџова (1985, Скопје) дипломирала англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Магистерка е по филолошки науки. Објавила 6 книги поезија и 1 книга есеи за поезијата. Уредничка е и на 2 антологии, Антологија на млада авангардна македонска поезија (2012) и Антологијата Ова е моето последно молчење инклузивна антологија на македонските поетеси. Од 2012 год. е активна членка на Друштвото на писатели на Македонија, а од 2013 год. е и една од уредниците на најстарото книжевно списание во Македонија, ,,Современост“. Пренџова е и слемерка. Организира слем настпревари во градовите низ Македонија, а имала и слем настапи во Београд, Србија. Работи како лекторка по англиски јазик на приватен универзитет во Скопје и држи работилници за креативно пишување. Една таква работилница одржа заедно со поетесата Катарина Фиаменго во Нови Сад.

Добитник е на наградите „Даница Ручигај“, на ДПМ, „Македонска книжевна авангарда  на Книгоиздателството „Феникс“ и Фондацијата „Макединија презент“, „Бели мугри“ и други.

Досегашни добитници на наградата „Јован Котески“ се Трајче Кацаров, Санде Стојчевски, Витомир Долински, Христо Петрески,Славчо Ковилоски, Зоран Пејковски и Зоран Јакимоски.

Strugaonline

Facebook Коментари