Започна реконструкцијата на крстосницата помеѓу регионалниот пат Струга-Дебар

- Локални
1658

Oпштина Струга, преку соопштение за јавност информираше дека од денеска ,25.05.2018,  почнува  реконструкција на постојна четворокрака крстосница во кружна крстосница помеѓу регионален пат P1201 (Струга-Дебар) и регионален пат P2243 (спој со регионален пат P1201-с. Драслајца) или на т.н. место Мостот на Мороипта” во општина Струга.

Овој проект се финансира од страна на Општина Струга и изнесува околу 7.7 милион денари.

„Oваа инвестиција ќе го  олесни сообраќајот кон поврзаноста на градот Струга со селата околу неа и ќе овозможи избегнување на сообраќајниот метеж во ова крстосница.“ – стои во соопштението на Општина Струга.

Strugaonline

фото: Општина Струга

Facebook Коментари