МТСП: Септемвриските плати на вработените во градинките се покачени за 2% и усогласени со Законот за минимална плата

- Македонија
893

На денешната прес конференција, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, даде појаснување во врска со покачувањето на платите на вработените во градинките.

Редовното покачување од 2% на платите на вработените во градинките е вметнато во нивната септемвриска плата.  Потоа, согласно со Законот за минимална плата, зголемената плата за 2%, дополнително се покачи до износот на минимална плата.

Во таа насока, министерката Царовска изјави дека: ,,Од септември, вкупниот ефект од зголемувањето на минималната плата и зголемувањето од 2% кај градинките, ќе биде до 2040 денари, во зависност од нивното работно место’’

За илустрација го наведуваме следниов пример:

Пример за пресметка за хигиеничар:

         основна бруто плата пред зголемување од 2 % изнесува 15.090 денари

         основна бруто плата со зголемување од 2% изнесува 15.392 денари

         основна бруто минимална плата изнесува 17.130 денари

Извор: МТСП

Strugaonline

 

Facebook Коментари