Интересни факти за петок 13-ти

- Занимливо
2184

Слободен ден од работа, неизлегување од дома, „парализираност“ од страв, откажување на планирани патувања се само дел од (не)активностите  на луѓето ширум светот кои се суеверни за значењето на петок 13-ти.

Некои истражувачи сè уште го бараат коренот на т.н. црн петок. Има повеќе верувања за потеклото на суеверието за петок 13-ти како што се: Ева во рајот го измамила Адам со јаболкото токму во петок,  на тајната вечера присуствувале 13 луѓе — Исус и 12-те апостоли.

И до ден денес кај многу народи сè уште постои суеверието дека 13 души не треба да седат на едно исто место односно на иста маса.

Било пресметено дека на овој ден во САД бизнисмените губат помеѓу 800 и 900 милиони долари, бидејќи многумина не ни помислуваат за своите работни места. Доналд Доси, основач на Центарот за управување на стресот и Институтот по фобии во Ашвил, Северна Каролина, споменува дека стравот од петок 13 измачува помеѓу 17 и 21 милиони Американци. Симптомите варирале од умерената тревога до тоталната паника. Психолозите докажале дека луѓето кои се сметаат самите себе си за несреќници, за малери, е многу поверојатно да веруваат во овие суеверија, со кои ја поврзуваат лошата среќа во својот живот. Стравот од бројот 13 е многу актуелен и во денешно време. Повеќе од 80% од високите згради немаат 13-ти спрат. Многу авиони го пропуштаат својот лет на 13-ти, посебно во петок. Во Формула 1 на пример не постои болид со бројот 13. Улиците во Фиренца го испуштаат бројот 13. На 13 април 1970 година експлозија на кислороден резервар ги променува плановите на Аполо 13 за лет кон Месечината. Часот на поаѓање на Аполо 13 е 13:13 според американско време.

Мислењата и верувањата се секогаш поделени, едни се плашат од овој датум и ден во комбинација, а други не му придаваат никакво значење. Освен денеска, петок 13-ти оваа година ќе имаме и во јули.

Strugaonline

 

Facebook Коментари