Новата сезона на „Game of thrones“ ќе се емитува во 2019-та година

- Занимливо
820

Новата (осма)  и последна сезона на мегапопуларната серија „Game of thrones“ ќе се снима наредното лето и се потврдуваат гласините дека првата епизода фановите ќе имаат можност да ја проследат во 2019 година.

„Ќе снимаме до лето. За десетте епизоди од претходната сезона ни требаа шест месеци, а сега за само шест епизоди ќе ни треба многу подолго време, што значи дека епизодите ќе бидат подолги и напнати“, изјави Лиам Канингем, кој го толкува ликот на Давос Сиворт.

Најавено е дека оваа сезона ќе има најмалку епизоди, а за последната епизода ќе има повеќе верзии, односно за време на емитувањето на серијата никој нема да знае како ќе заврши. Оваа одлука беше донесена откако седмата сезона од серијата беше проследена со скандали, по грешка објавувани епизоди пред премиерата како и фактот дека популарноста на серијата направи истата да биде мета на хакери.

Facebook Коментари