Денеска е светски ден на оралното здравје

- Здравје
544

20-ти март е светски ден на оралното здравје. Во последниве години се повеќе се посветува внимание на оваа област. Општо е познато, а и низа истражувања покажуваат дека оралното здравје е од исклучително значење за здравствената состојба на целиот организам. Токму доброто орално здравје може да спречи дијабетес, срцеви заболувања и мозочен удар. Здрава уста и здраво тело одат заедно. Стручните лица постојано укажуваат дека правилното одржување на оралната хигиена и редовните стоматолошки прегледи треба да бидат здрава навика на секој човек.

Кариесот на пример,  е најраспространетото орално заболување,  но со добро одржување на орална хигиена(редовно четкање на забите, употреба на забен конец и интердентални четкички) како и редовни стоматолошки прегледи може да се намали неговата појава.

Грижата за оралното здравје треба да започне уште од најрана возраст. Во тој процес најважна улога имаат родителите кои  треба да ги научат своите деца како правилно да ги четкаат забите и да им објаснат колку е важно забите да се мијат и наутро и навечер.

Што се однесува до возрасните, важно е да се знае дека освен редовната хигиена оралното здравје се чува и со избегнување на многу шеќери, алкохол и цигари.

Strugaonlinе

фото: архива

Facebook Коментари