Балетското студио ,,Баx” – танцот е култура на живеење во Струга

- Интервју, Локални
1293

Со традиција од дваесет и три години Балетското студио ,,Баx” открива таленти и ги бодри младите и талентирани балерини да го одберат танцот како своја култура на живеење. Оваа успешна приказна започнала во гаража, за денес да брои сто и педесет членови кои со скромни но сигурни чекори стигнуваат до sвездите. Доказ за тоа се многуте награди и признанија освоени во Македонија, но и надвор од нејзините граници. Идејниот творец и кореограф на Балетското студио ,,Баx” искрено и отворено за сите предизвици и напорната работа.

13

Strugaonline: Најнова информација од Вашето Балетско студио е дека за прв пат вршите уписи во овој период од годината. Кој се може да се пријави и колку членови брои Балетското студио ,,Баx” во моментов?

Taња: Со оглед на тоа дека веднаш после распустот на децата започнавме напорно да работиме, и во подготовка се многу проекти и идеји кои допрва треба да ги реализираме одлучивме да им дадеме можност на сите оние кои моментално не се членови на ,,Баx”, а имаат желба да ни се придружат и да учествуваат во сите наши идни проекти. Може да се пријави секој кој има желба и е вљубеник во танцот и магијата што ја носи сцената. Во моментов во нашето студио имаме сто и педесет членови и секој поединечно има голема можност за креативност

11

Strugaonline: Многу е веројатно во текот на Вашата долгогодишна работа да сте имале случај кога детето има желба за ова хоби, но нема талент. Се случува ли желбата и напорната работа да вродат со плод и покрај недостатокот на талент?

Taња: Апсолутно. Многу родители ме прашуваат дали нивните деца се талентирани. Од една или две проби тоа не може да се процени, но постојат дечиња чиј труд, посветеност, дисциплина и љубов кон танцувањето ги донеле до неверојатни резултати за што сум многу среќна. Доколку имаат желба се може да се постигне. Балетското студио ,,Баx” пред три години почна да го организира и модниот ден, настан во кој вклучувам и граѓани кои никогаш претходно не застанале на сцена, откако ќе ја добијат потребната самодоверба гледам среќа на нивните лица.

Strugaonline: Доколку Вие лично ја тргнете на страна љубовта кон танцот, дали некого искрено би советувале професионално да се занимава со танц? Се живее ли од тоа?

Taња: Секогаш сум поборник на мислата дека талентот и посветеноста си го наоѓаат својот пат до успехот. Искрено ги бодрам сите деца кои одлучиле танцот да им биде животна определба, но подеднакво ми се драги сите одлични танчери кои биле членови во студиото, а денес се успешни лекари, правници, економисти.

7

И. М.

 

 

 

 

 

 

 

Facebook Коментари