(ВИДЕО) Дубиоза колектив го промовираше спотот за „Химна на генерацијата“

- Музика
1056

„Дубиоза колектив“  денеска го објави новиот видео спот!
„Химна на генерацијата“ е првиот сингл од новиот албум на бендот – ексклузивец на Пасворд Продакшн – кој ќе го види светлото на денот кон крајот на годинава. 

„Откако со години не обвинуваат дека го претставуваме ‘легитимниот глас на изгубената генерација’ одлучивме конечно да ја злоупотребиме таа класификација и да направиме пригодна музичка нумера на таа тема. Омилената спортска дисциплина на овие простори – секирација на долги стази – доведена е до совршенство и овој регион даде низа светски шампиони во супер-тешка категорија. Се секираме неселективно, без престан и за време на секирацијата не ги дискриминираме темите по важност и можно влијание врз сопствените животи. Нѐ секира сѐ – од загрозеноста на опосумите во јужноамериканските прерии до можната термонуклеарна војна на корејскиот полуостров, од изборот на Трамп за претседател на С.А.Д. до изборот на натпреварот за најголем пејачки талент на месната заедница Забрѓе. Ако некои помалку важни човечки опсесии како љубовта кон жените или алкохолот се опеваат во безброј песни – тогаш и љубовта кон секирацијата заслужува макар и една песна“. – порачуваат од ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ.

Спотот за песната е снимен во Сараево на почетокот на април, а во снимањето учествуваа 400 статисти кои волонтерски се пријавија на повикот кој групата го објави преку социјалните мрежи. Ова беше едно од најмасовните снимања на подрачјето на сараевскиот кантон уште од епските призори од филмот „Валтер го брани Сараево“. За потребите на снимањето, во неколу наврати беше блокирана главната градска сообраќајница што секако предизвика дополнителна секирација на возачите кои беа погодени со овие прекини во сообраќајот.

Facebook Коментари