Струшката шампионка Ангела Ѓелинческа отвара студио за аеробик и пилатес во Прилеп

- Спорт
2574

Седум години е инструктор по аеробик, има многу позитивна енергија и елан за работа и потекнува од нашиот град. Сите овие асоцијации ви помагаат да претпоставите дека зборуваме за Ангела Гелинческа. На нејзиното име сме горди затоа што, меѓудругото е и фитнес шампион на Република Македонија за 2016/2017 и се вбројува во топ 5 спортистки на Балканските бодибилдинг и фитнес натпревари.

Овој пат, благодетите на вежбањето и сите вештини кои ги пренесува Ѓелинческа ќе ги почувствуваат Прилепчани. Студиото за аеробик и пилатес кое го отвара Анѓела Гелинческа во Прилеп ќе започне да работи на 2-ри октомври. Тренинзите ќе се одржуваат во прилепската гимназија Мирче Ацев во понеделник и среда од 21 часот, и петок од 20 часот.

Фото: Ангела Ѓелинческа fb

 

Facebook Коментари