Џудо клубот “Црн Дрим” со еден златен и еден сребрен медал ја започна натпреварувачката 2017

- Спорт
1359

На 29.01.2017 џудо клубот “Црн Дрим” од Струга учествуваше на меѓународниот натпревар “Патрида”, со четири натпреварувачи и освои еден златен и еден сребрен медал.

Анамарија Стојмиловска со четири борби и четири ипони го освои златниот медал.

3 4

Стефан Попоски со три борби, две победи и еден пораз го освои сребрениот медал.

1   2

5

Михаил Касниоски и Петар Дуноски не успеаа да се закитат со медали. Со овој натпревар џудо клубот “Црн Дрим” ја започна натпреварувачката 2017 година со надеж дека ќе го надминат својот рекорд од 38 меѓународни натпревари во 2016 година и ќе бидат уште поуспешни оваа година.

 

 

Facebook Коментари