Ракометарите на Вардар ги почнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната

- Спорт
630

rk-vardar

На подготовките недостасуваат само репрезентативците кои ќе настапуваат на СП во Франција што почнува задутре.

Од Вардар на СП во Франција ќе настапат Стојанче Стоилов, Мартин Поповски, Тимур Дибиров, Даниел Шишкарев, Александар Деревен, Лука Циндриќ, Рожерио Мораеш, Жоан Кањељас и Алекс Душебаев кои ќе играат за пет различни репрезентации.

Додека овие се борат за еден од медалите на Мундијалот, во Скопје ќе се одвиваат подготовките, кои највеќе ќе бидат на подигање на физичката подготвеност. Тренерот на Раул Гонзалез има на располагање десет ракометари. Единствено Страхиња Милиќ се жали на мала повреда на рамото.

Првиот натпревар Вардар треба да го одигра на 2 февруари во Скопје против Нексе во рамките од СЕХА лигата, а на 5 февруари гостуваме кај Горење. Тие два натпревари ќе бидат последна контрола пред продолжувањето на мечевите од Лигата на шампионите. На 11 февруари сме домаќини на ППД Загреб.

Во СЕХА лигата Вардар има одиграно 15 натпревари и е лидер на табелата со 38 бода, три повеќе од Веспрем. На трето место е ППД Загреб со 28 бода од 13 натпревари. До крајот на регуларниот дел треба секоја екипа да одигра по 18 натпревари.

Во Б групата од лигата на шампионите, по 9 одиграни натпревари Вардар е на третото место со 12 бода, два помалку о длидерот Кјелце. Тука треба да се одиграат 14 натпревари. Најдобриот тим од групата ќе се пласира директно во четвртфиналето, а оние од 2 до 6 место ќе играат во осминафиналето.

Facebook Коментари