Александар Петрески ja промовира новата авторска песна насловена како ,,Judy“

- Локални, Музика
506

Александар Петрески, музичар од Охрид кој живее во Германија,  ја претставува својата нова авторска песна насловена како ,,Judy.“

,,Видеото, во едно преубаво јулско приквечерие на местото кое јас го нарекувам Филип втори (измеѓу Канео и Лабино во Охрид), во една преубава дружба го снимивме заедно со видео и аудио продуцентот Даниел Јовески. Никогаш не сум се почувствувал посигурно пред камера, нависттина уживав во секоја секунда. Уживањето е лесно кога знаете каков мајстор стои зад камерата! Сонцето полека го напушти хоризонтот, а ние полни со позитивна енергија го запревме времето и запишавме историја подарувајќи ви го ова видео.“-изјави за Strugaonline  Александар Петрески.

Освен за музиката, текстот и аранжманот, Александар се погрижи и за миксот на оваа песна. Видеото и мастерингот го изработи Даниел Јовески.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари