Автобусот кој излета кај Лесковац е на струшки „Еуробус“ – се огласи сопственикот

- Локални, Хроника
811

Автобусот со македонски регистарски таблички што излета од автопатот кај Лесковац ноќта на 16-ти декемцри во 01:45 часот, е на струшката компанија „Еуробус“. Автобусот тргнал од Битола и сообраќал на редовната линија за Виена.

Сопственикот на „Еуробус“ Џитан Истрефи за МИА изјави дека автобусот, произведен во 2006 година, редовно ги поминувал техничките прегледи.

– Испративме друг автобус и наши вработени на местото на несреќата за да ја видат состојбата и да се преземе се што е потребно. Нашите автобуси редовно се сервисираат, кај нас нема грешки, изјави Истрефи, не изнесувајќи други детали за несреќата.

Според досега објавените информации, во несреќата загинале две жени и еден маж, а се повредени 32 лица.

Како што јавија српските медиуми, во тек е идентификација на жртвите. Четири патници се со повреди опасни по живот, и префрлени се во Клиничкиот центар во Ниш додека останатите се задржани во болницата во Лесковац.

Возачот и совозачот не се повредени, но не смеат да даваат изјави за медиуми. Тројца од патниците со тешки повреди се на интензивна нега во одделот Хирургија во болницата во Лесковац додека еден е на Ортопедија. Останатите патници, – 23, се со полесни повреди.

Извор и фото: Сител ТВ

Facebook Коментари