„Бергман пијано дуо“ вечерва на програмата на „Охридско лето“

- Локални
742

Вечерва на програмата на 57-то издание на фестивалот „Охридско лето“ е пијано – дуото Бергман. Односно, станува збор за Елизабет и Марсел Бергман од Канада. Нивниот концерт е закажан за вечерва во 20 часот и 30 минути во Црквата Св. Софија. „Бергман, е светски познато дуо кое изведува  еклектрична мешавина на класични и современи дела, вклучувајќи ги и нивните оригинални композиции и аранжмани. Како дуо функционираат од далечната 1989 година.

Добитници се на многу награди и признанија вклучувајќи ја и  првата награда на натпреварот за интернационална камерна музика во Калтанисета, Италија. Исто така, Елизабет и Марсел Бергман се  лауреати на четвртиот Меѓународен натпревар за две пијана на Мјуреј Драфоф. Сите љубители на софистицираната музичка уметност и вљубениците во пијаното како инструмент, вечерва ќе имаат можност да уживаат во концертот на двајцата виртуози и совршената акустика на катедралната црква Света Софија.

Извор: Strugaonline

Фото: Оhridskoleto.mk

Facebook Коментари