Целосното затемнување на Месечината утре во живо од Охрид

- Занимливо, Локални
1448

На 27 Јули 2018 ќе бидеме сведоци на редок астрономски настан, целосно затемнување на месечината. Затемнувањето ќе биде видливо и од територијата на Македонија доколку временски услови го дозволат тоа.

„Доколку е се во ред ќе направиме вклучување во живо на Youtube и фејсбук страницата на Стојан Стојановски. Исто така доколку сме во можност и бидеме во околината на Охрид (се зависи од временските услови) во петок ќе ве известиме ако имате желба да присуствувате заедно со нас на овој настан. Се надеваме на добро време “ – велат од Охридското астрономско друштво.

Инаку, Крвавата Месечина ќе предизвика најдолго помрачување во овој век. Истовремено, Марс ќе биде најблиску до Земјата во последните 15 години и затоа ќе изгледа посветло отколку било кога.

Помрачувањето на Месечината илу лунарната еклипса ќе се случи ноќта на 27. и 28. јули и ќе биде најдолгото помрачување во 21 век. Би требало да трае дури 1 час и 43 минути, а научниците тврдат дека највидливо ќе биде на југоистокот на Европа.

„Тоа е одлично„ Ова е навистина исклучителна и ретка можност да се види затемнувањето покрај Марс на ноќното небо. Ќе имаме два сјајни објекти и одлична прилика за фотографите, изјавил за Тајмс Роберт Масеј од британското Кралско астрономско друштво.

Strugaonline

Facebook Коментари