„Човекот амфибија“ денеска во подвиг за Гинис

- Занимливо, Локални
1018

Денеска „Човекот амфибија“, Јане Петков од Петрич, Бугарија, ќе се обиде да постигне нов светски рекорд во пливање со врзани раце и нозе, во вреќа, должина од 3,5 километри во водите на Охридското езеро.

На вчерашната  прес конференција Петков кажа дека се чувствува одлично и дека е подготвен да постави нов светски рекорд.

Претседателот на охридскиот Црвен крст, Сашо Точков, како организатори на овој несекојдневен и атрактивен настан вчера истакна дека преземени се сите потребни мерки за безбедно одвивање на настанот, обезбеден е доволен број на екипи на спасители на вода и медицински екипи, судии кои ќе го следат настанот, како и друг технички персонал.- а пренесе порталот ОхридПрес.

Подвигот за поставување на нов рекорд за Гинис, Петков го стартуваше утрово околу 09:00 часот пред плажата Немо (Горица 3) во Охрид.

Јане Петков е роден во 1954 година, а веќе го постави Гинисовиот рекорд во препливување врзан со ланци и во вреќа во должина од 2.388 метри, за време од 2 часа, 55 минути и 47 секунди, токму ва Охридското Езеро, на патеката Горица-Градско пристаниште Охрид во септември 2013 година.

Сегашниот Гинисов рекорд во пливање врзан со ланци го поставил Индиецот Гопал Карви со препливани 3.071 метри во Индискиот океан на први декември 2013 година.

Извор: ОхридПрес/Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари