Девојче нападнато од куче-домашен миленик во Охрид

- Локални, Хроника
905

Синоќа во 20:00 часот, А.М.(39) од Охрид, пријавил дека неговата 14 годишна ќерка, на улицата „Железничка“ во Охрид била нападната од куче-домашен миленик.

Малолетничката, била пренесена во Општата болница во Охрид каде и биле констатирани повреди на левата потколеница.

– По преземени мерки, СВР Охрид го идентификува С.С. (61) од Охрид како сопственик на кучето и против него ќе биде поднесена соодветна пријава-информираат од СВР Охрид

Извор: СВР Охрид

фото: архива

 

Facebook Коментари