Џудо клуб ,,Дрим“ од Струга освои тринаесет медали на Државното првенство за сениори и помали пионери

- Локални, Спорт
585

На Државното првенство за сениори и помали пионери во Струга, Џудо Клуб ДРИМ Струга освои 13 медали, 6 во сениорска конкуренција  и 7 во категорија  помали пионери.

Со медали се закитија следниве џудисти:

СЕНИОРИ: 1. Христијан Глигороски -90 прво место

2. Андреј Чакаровски -100  прво место

3.Марин Билјаноски – 90 второ место

4. Андреј Симоноски – 66 второ место

5. Амар Оџа – 100 трето место

6. Георги Прензоски – 73 трето место

Одлични борби прикажаа и Андреј Вељаноски, Дион Лена, Никола Протугеров, Марио Нелоски но не успеаа да се закитат со медали.

ПОМ. ПИОНЕРИ:

1. Доријан Петкоски прво место

2.Катерина Клењоска прво место

3. Елеонора Јосифоска второ место

4. Амар Бајрамоски второ место

5. Давид Спироски трето место

6. Мишела Јаулеска трето место

7. Матеј Балоски трето место

Одлични беа и Мила Стојмиловска, Бојан Ѓиновски и Драган Антониевски но не освоија медали.

,,За некои од помалите пионерии ова беше  прв натпревар и затоа ова за нив е голем успех. Кај сениорите докажаниот квалитет и напорна работа си го направија своето да бидеме на врвот! Ние сме фамилија, ние сме тим, ние сме Џудо Клуб ДРИМ!,, – вели тренерот на ЏК ,,Дрим“ од Струга, Ѓорги Стојанов.

Strugaonline

Facebook Коментари