Eдно лице е повредено во вчерашната сообраќајна незгода кај Мислешево

- Локални, Хроника
649

На први февруари 2021 година, во 09:20 часот, на крстосница на магистрален и локален пат, во близина на струшкото село Мислешево, случена е сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу патнички автомобил марка „Хјундаи“ со струшки регистарски ознаки, управуван од страна на 59-годишниот А.Н. од Струга и товарно возило со струшки регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот М.С. од струшкото село Драслајца. Притоа, возачот на патничкиот автомобил А.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга. Увид на местото на сообраќајната незгода извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

фото: Ohridpress

Facebook Коментари