Едриличари од Струга и Охрид ќе настапат за македонската репрезентација на младинско Европско првенство во Словенија

- Локални, Спорт
116

Македонската едриличарска репрезентација ќе учествува на младинско Европско првенство во класата ILCA 4, што од 5-ти до 12-ти април ќе се одржува во Изола, Словенија.

На првенството ќе настапат 365 едрилицари/ки од 33 земји.

– Нашата репрезентација ќе настапи со 5 репрезентативки, Андреа Кавај, Илина Гаџовска, Софија Ставрева, Јана Неданоска и Евгенија Ставрева од клубовите Снегар од Струга и Aquatica Yachting од Охрид, информираат од федерацијата.

Додаваат дека во деновите до почетокот на официјалните трки ќе се реализираат неколку тренинзи со меѓународни тренери.

Strugaonline

фото: aрхива

Facebook Коментари