Едукативно предавање за дијабетес и бесплатно мерење на шеќер во крвта во Струга

- Локални
752

По повод светскиот ден на дијабетичарите , во среда (14.11.2018), во организација на Здружението на дијабетичари во соработка со Црвен крст Струга, предавање ќе одржи Д-р Мира Костоичиноска.  Предавањето кое има едукативна и превентивна цел ќе се одржи во просториите на Црвен крст-Струга во перод од 10:00 до 11:00 часот.  Потоа, пред хотелот „Београд“ ќе се врши бесплатно мерење на шеќер во крвта за сите заинтересирани граѓани. Од Црвен крст Струга и од Здружението на дијабетичари повикуваат на масовно присуство на предавањето и апелираат да се искористи можноста за бесплатно мерење на шеќер во крвта.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари