Голем успех на претставниците на „3Disciplines“-Струга на првенство во Скопје

- Локални, Спорт
933

После големиот успех на претставниците на Триатлон клубот „3Disciplines“-Струга  на првенство во Хрватска, нашите претставници постигнаа голем успех и на првенство во Скопје кое се одржа изминатиов викенд.

Две трки, два златни медали е епилогот за Димитар Јованоски  и Никола Кутаноски.

Кутаноски победи во категоријата сениори, Јованоски  славеше во категорија јуниори.

На оваа трка на дистанца од 5км трчање, 20км возење и 2.5км трчање второто место го освои Габриел Котески, а третото место во јуниорска конкуренција му припадна на Јован Наумоски.

Во категоријата јуниорки, и покрај проблемите после трката во Ријека,  одличното второ место успеа да го освои нашата  Ања Еклер.

Во категоријата кадети, второ место освои Давор Попоски, а во категорија пионери втор беше Симеон Јованоски.

Одлична трка имаше и Цветко Митрески кој повторно се враќа на патеките.

Успешен  беше и Миле Јованоски кој поради технички причини заврши на четвтро место.

Strugaonline

Facebook Коментари