Хари од Хонгконг преку интернет ја бара девојката со која се фотографирал во Охрид

- Занимливо, Локални
1157

Момче од Хонгконг на неговиот профил на Facebook објави фотографија од девојка која ја запознал во Охрид и бара начин да стапи во контакт со неа.

Хари од Хонгконг за време на неговата посета на Охрид се фотографирал со девојката, но не успеал да дознае ништо повеќе за неа, бидејќи брзал да ја стигне групата.

Фотографијата ја објавил во група на Facebook, а во објавата стои:

„Ве молам помогнете ми: барам девојка која ја запознав во Охрид.

„Здраво на сите, јас сум од Хонгконг. Го посетив Охрид на 7-ми октомври. Црквите, езерото, времето – навистина е прекрасен град. Но, една случка ми остави посебна импресија од Охрид. Околу 11:30 часот, се упатив кон местото за ручек со целата група и членови од турата. Одеднаш, една девојка побара да се фотографирам со неа. Бев малку шокиран, но прифатив и ова е фотографијата. Бидејќи бев веќе оддалечен од групата, само се поздравив со неа, се заблагодарив и си отидов, без да побарам контакт. Ако ја познавате девојката од фотографијата, може ли да ме поврзете со неа? Ако не ја знаете, а ова ви е интересно, ве молам помогнете ми да се прошири објавата. Ви благодарам. Ако се случи чудо, ќе ве известам!“-вели Хари

 

 

Facebook Коментари