Јонче Спироски: Нашето куче Алексо е третирано како член на семејството, затоа разбира сe’

- Занимливо, Локални
4791

Jонче Спироски од Драслајца и неговото куче Алексо се вистински хит на интернет. Има многу сопственици на миленици кои добро комуницираат со нив, но Јонче и Алексо се посебни, бидејќи се стигнати до неверојатна фаза од својата комуникација. Алексо е куче кое разбира се’. Знае да донесе се’ што ќе побара Јонче, од пиво , до кошничка со јајца за Велигден.

За Strugaonline Спироски вели дека Алексо е толку напредно куче затоа што е третиран како член на семејството и е во постојана дружба со луѓе. Во Драслајца сите го знаат и сите го сакаат. Кучето опкружено со вистинка љубов истата знае и да ја возврати.

Алексо е всушност миленик на неговиот постар син Никола. Нивната љубов се развила на прв поглед.

Јонче истакна дека Алексо освен што е мил и дружељубив, е вистински чувар на нивниот дом и знае да ги препознае луѓето и нивните намери.

Со оглед на тоа дека Алексо е во Драслајца, а Јонче живее со своето семејство во Охрид, нивните средби се полни со радост. Алексо е сопатник на целото семејство Спироски и вистински доказ дека кучињата понекогаш се попаметни, попосветени и поверни пријатели од луѓето.

Strugaonline

Facebook Коментари