Кајак-кану клубот ,,Дрим“ од Струга освои прво место во екипен пласман на Државно првенство во Охрид

- Локални, Спорт
376

Изминатиов викенд во Охрид се одржа Државно првенство во кајак на мирни води. Учествуваа шест клубови, ККК ,,Дрим“ од Струга, ККК ,,Стрмец“ од Охрид, ККК ,,Радика“ од Дебар, ККК ,,Црн Дрим“ од Струга, ККК ,,Арка-Борец“ од Велес и ККК ,,Вила Зора“ од Велес.

Прво место во екипен пласман освои Кајак-кану клубот ,,Дрим“ од Струга со 118 бодови. Второ место освои  Кајак-кану клубот ,,Црн дрим“ со 46 бодови, а трет беше ,,Стрмец“ со 34 бодови.

Во поединечни трки беа постигнати следниве резултати:

K1 500m кадетки  Мила Бојческа 1-во место

К1500 кадетки Маја Симакоска 2-ро место

K1 500m кадети Јован Циркоски 1-во место

K1 500m кадети Слободан Попосски 2-ро место

K1 500m  кадети  Ледио Амети 4-то место

К2 500м кадети Маја Симакоска и Ангела Опетческа прво место

K2 500m  кадетки  Маја Циркоска и Драгана Матеска 3-то место

K2 500m кадети Лука Бојчески и Максим Филипов прво место

K2 500m пионери Слободан Попоски и Ледио Амети прво место

K2 500m пионери Лука Бојчески и Максим Филипов второ место

K2 500m пионерки Мила Бојческа  и Циркоска Маја прво место

K2 500m  пионерки Ангела Опетческа и Драгана Матеска второ место

К2 500m јуниори Јован Циркоски и Алексеј Чакарески 2-ро место

К2 500m јуниори Петар Чавкоски и Климент Нестороски 3-то место

K1 500m јуниори Јован Циркоски прво место

K1 500m  јуниори Алексеј Чакарески 2-ро место

K1500m  Климент Нестороски  четврто место

K1 500m пионери Слободан Попоски 1-во место

К1 500m пионерки Мила Бојческа 1-во место

K1500m пионери Ледио Амети 2-ро место

K1500m Максим Филипов петто место.

Strugaonline

Facebook Коментари