Кајак кану клубот ,,Дрим“ со нова најквалитетна опрема ги подобри условите за тренинг

- Локални, Спорт
851
Кајак кану клубот ,,Дрим“ -Струга набави  нова опрема од највисок квалитет со цел да ги подобри условите за тренинг.
,,Со ова нашиот клуб го подигаме на едно повисоко и попрофесионално ниво, а на нашите натпреварувачи им даваме услови за постигнување подобри резултати.“-информираат од клубот.
Од таму изразуваат голема благодарност на Кајакарската федерација и претседателот Дрион Леши, за донацијата -кајак двосед.
,,На овој начин Кајакарската федерација на  Македонија придонесува за постигнување подобри резултати и афирмација на кајакарскиот спорт. Ја поддржуваме одлуката на претседателот Дрилон Леши со надеж дека ќе продолжи да ги поддржува клубовите членки на КФМ,,- велат од Кајак-кану клубот ,,Дрим“.
Strugaonline

Facebook Коментари