Клуб ,,ZI“ во Вевчани е најубавата розова новогодишна бајка, вистинска атракција за посетителите

- Занимливо, Локални
1350

Розовото фиќо е само првиот заштитен знак за кафулето ,,Клуб ,,ZI“ во Вевчани, а тематските декорации ја создаваат вистинската бајка за новогодишните празници. Ова е совршено место за пријатни дружби и создавање прекрасни фотографии.

Розовата говорница, розовите украси и лампиони, големиот Дедо Мраз годинава се вистинска атракција за сите генерации. Креативното уредување на сопствениците на ова кафуле докажува дека тимот кој работи и создава со љубов, предизвикува воодушевување кај посетителите.

,,Се гледаме на најубавата новогодишна бајка во Вевчани. Празници се ближат… Повелете.“-повикуваат сопствениците.

Strugaonline

 

Facebook Коментари