Кривична пријава за скопјанец – се заканувал на полицајци во Струга

- Локални, Хроника
1017

Надворешната канцеларија од Струга поднесе кривична пријава против 22-годишниот И.Н. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службени дејствија“.

– На трети овој месец во Струга, на улицата „Пролетерски Бригади“, при преглед и сообраќајна контрола на возило, во сопственост и управувано од пријавениот, истиот одбил да го прими издадениот налог и им упатувал закани по животот на двајца полициски службеници, информираат од МВР.

Извор: МВР

Фото: архива

Facebook Коментари