Марин Билјаноски го освои златниот медал на Балканското џудо првенство за ветерани

- Локални, Спорт
597

Марин Билјаноски,  кој е дел од тренерскиот тим на џудо клубот ,,Дрим“ од Струга, го освои златниот медал на Балканското првенство за ветерани што изминатиов викенд се одржа во Прилеп  и се стекна со титулата Балкански првак за ветерани.

На ова Балканско првенство во џудо учество зедоа околу 80 натпреварувачи-ки од 8 држави ( Македонија, Грција, Турција, БиХ, Србија, Црна Гора, Романија и Албанија).
Македонската репрезентација настапи со вкупно 13 натпреварувачи во машка и женска конкуренција при што освоени се 16 медали од кои 10 златни и 6 сребрени медали во редовна конкуренција, бидејќи нашите женски репрезентативки настапија и во апсолутна категорија каде се закитија со по уште 1 златен и 2 сребрени медали.
Селекторот кој беше и натпреварувач е задоволен со оствареното и им честита на сите кои зедоа учество.
Strugaonline

Facebook Коментари