МЈП Проаква воведува електронско плаќање на сметки

- Локални
4033

МЈП „Проаква“ информира дека е воведено електронско плаќање на сметките за да се поедностави процесот.

– Со оглед на фактот дека живееме во време на компјутери и дигитализација, воведовме софтвер за електронско плаќање на сметките се со цел поедноставување на самиот процес. Истиот го надградивме со можност за евидентирање на состојба од страна на потрошувачите како би се избегнало пролонгирањето на фактурирањето на фактичката состојба и генерирање на сметки со висок износ како импликација на нередовното читање односно фактурирање. Овој нов метод е од особено значење за викенд становите, односно за броилата каде што има попречена пристапност за читачките служби од било кои причини. Се надеваме дека оваа новина ќе биде позитивно прифатена и успешно реализирана од двете страни. Службите за контрола на МЈП Проаква и понатаму ќе продолжат со контрола на водомерните броила и санкционирање на сите манипулации согласно закон. – стои во соопштението од ова претпријатието.

Strugaonline

Фото: aрхива

Facebook Коментари