Младински мултикултурен камп за Лидерски вештини во Охрид – пријавете се

- Локални
913

На 3-ти јуни во хотел Коцарев – Подмоље, Охрид ќе се одржи младински мултикултурен камп за Лидерски вештини со обучувачот Лазар Ѓуров од Симбиотика. Општа цел на иницијативата е изградба на одржливи партнерства помеѓу младите луѓе од различни етнички заедници во регионот, низ Охридското Езеро. Кампот е наменет за средношколци и студенти од 17 до 22 години од различна етничка припадност од Југозападна Македонија (Охрид, Струга, Дебрца). Обуката се организира од страна на Здружение за мултикултурна интеграција Инклузија -Охрид во рамки на грантот “Промоција на меѓуетнички партнерства низ езерото ”финансирано од Европската Унија како регрантирање во склоп на проектот Декада на припадност имплементиран од Локална Агенција за развој и Креативни и Активни од Струга.

Основната цел е развивање на лидерски капацитети кај младите и да се стекнат со вештини за управување со иницијативи за вклучување на мултикултурните аспекти во јавните политики и интегрирање на заедниците. Сите заинтересирани повеќе информации можат да добијат на  [email protected] или 075827464.

Електронската апликација за пријавување можете да ја најдете на следниов ЛИНК

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари