МВР со детали за акцијата во Струга

- Локални
1346

Министерството за внатрешни работи во соработка со ОЈО за организиран криминал и корупција денеска спроведе мерки и активности за сузбивање на криминална група што се занимавала со недозволена продажба на дрога и оружје.

– Карактеристично за оваа група е што членовите се лица кои веќе се осудени и веќе издржувале казна затвор во КПД од отворен вид во Струга. Извршени се претреси на повеќе локации во Струга и околината, меѓу кои и во просториите на Казнено поправниот дом во Струга. При претресите во четири објекти во селото Велешта, кај лицата А.Р., К.М., И.Р. и Г. Р. пронајдени се четири пиштоли со рамки соодветни за истите, сите исполнети со куршуми. Претрес е извршен и во домот на Д.Б. во селото Ливада, Б.Х. во селото Радолишта, како и во стан во центарот на Струга каде престојувало лицето К.М. Кај дел од горенаведените лица се пронајдени парични средства од околу шест илјади евра, како и други материјални докази за сторени кривични дела. Извршен е претрес и во службените простории во Казнено поправниот дом од отворен вид во Струга, како и во просториите каде лицата А.Р. и К.М. издржуваат казна затвор, при што е пронајдена и одземена документација. При преземените мерки и активности лишени се од слобода шест лица и тоа: М.К., Р.И., Г.Р., Б.Х., Д.Б. и А.Р, а лицето А.Р. е во бегство. Дополнително лишено е од слобода и лицето Р.К. кое се бара по распишана потерница за издржување казна затвор од 13 години по член. 215 став 3 „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од МВР.

Во истрагата е утврдено дека на криминалната група и помагал и инспектор во Полициската станиа од Струга и против него ќе бидат преземени соодветни мерки.

– Пред постапувањето на полициските служебници пред КПД Струга биле забележани две непознати лица пред затворот со патничко моторно возило „Форд фиеста“ со албански регистарски таблици и при обидот да бидат легитимирани, истите не поседувале документи за идентификација. При прегледот на возилото, пронајдена е марихуана и лицата се приведени, информираат од МВР и додаваат дека ќе продолжат со активности за обезбедување материјални докази за други лица поради постоење на основи за сомнение дека се сторители на кривични дела, злоупотреба на службена положба и по целосно документирање на случајот ќе биде известено надлежното јавно обвинителство.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари