На 15-ти јануари седница на Советот на Општина Струга – ова е дневниот ред

- Локални
1028

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Сл. Весник на РМ„ бр. 5/02), Претседателот на Советот на општина Струга, донесе решение  за свикување 18 (осумнаесетта) седница на Советот на општина Струга. Седницата ќе се одржи на 15.01.2019 год. (вторник) со почеток во 10,оо часот, во големата сала на Советот на општина Струга, по следниов дневен ред:

Записник од 17 -тата седница на Советот на општина Струга (недовршена); Предлог -Програма за еднакви можности меѓу жените и мажите за 2019 година.; Предлог – Програма за изградба на сообраќајна сигнализација на општина Струга за 2019 година.; Предлог- Одлука за измена на Одлуката за режимот за сообраќај на град Струга. ;Предлог – Одлука за донесување ДУП во УЕ-11 блок 2, опфат 4 и 5 согласно ГУП за град Струга 2007,општина Струга, плански период 2018-2023; Предлог – Програма за одбележување на значајни настани и личности од нашето културно минато за 2019 година.; Предлог – Програма за работа на ЈП „Водовод Дологожда„ – с.Дологожда.

Strugaonline

фото: архива

 

Facebook Коментари