Најновото издание на „Златно славејче“ ќе се одржи утре во Струга

- Забава, Локални
1180

47-то издание на најочекуваниот детски фестивал во Македонија “Златно Славејче”, ни гостува во Струга, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, фестивалот ќе се одржи на 25 октомври со почеток во 11 часот, а влезот е 100 денари.
Во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата на град Скопје, на 23 мај 1971 година се одржа првото издание на „Златно славејче“, првиот фестивал на детски забавни песни напишани од македонски автори, отпеани на македонски јазик.
Оттогаш, од тој 23 мај 1971 година секој ноември, во рамките на одбележувањето на роденденот на слободата на нашиот главен град Скопје – 13 Ноември, во изминативе години прозвучуваше детската песна за да ја изрази радоста на најмладите, нивната љубов кон татковината и кон се што е мирољубиво во светот, нивните игри и први љубовни трепети; љубовта кон книгата-тој сончев храм на знаењетo.

Strugaonline

Facebook Коментари