Наумче Мојсоски ќе го преземе ракометниот клуб „Струга“

- Локални, Спорт
1909

Струга отсекогаш  била расадник на таленти во областа на ракометот. Најзвучните имиња во овој спорт, на чело со Наумче Мојсоски потекнуваат токму од нашиот град. Сите ќе се сложат дека праксата на создавање врвни ракометари на терените во Струга треба да продолжи и да имаме уште многу  спортски имиња на кои ќе бидеме горди. Ракометниот клуб „Струга“ е таа школа која е потребна за сите млади надежи.

Порталот g-sport.mk објави дека Наумче Мојсоски, најпознатиот од струшката ракометна школа, наскоро треба да го преземе клубот. Во тек се административните работи, проверка на нивната состојба, подготвување на теренот за преземање на клубот… Кога ова ќе се заврши, а кога е во прашање администрација во нашава држава, тогаш прогнозите колку тоа ќе трае се излишни, Наумче Мојсоски би требало да го превземе раководењето со клубот. 
Во каква точно фукнција ќе биде и каква ќе биде улогата на сегашната управа засега не е се знае. 

Приоритет ќе биде враќање на струшките талентирани деца назад покрај езерото. По тоа ќе се брка пласман во Супер лига, а во меѓувреме од талентираните деца ќе треба да се произведат квалитетни ракометари – стои во објавениот текст на порталот.
Извор: g-sport.mk

Strugaonline

Facebook Коментари