Нова епизода од „Импровокација“ на 1-ви декември во Охрид

- Забава, Локални
678

Оваа сабота (1-ви декември) на сцената на Народен театар-Охрид ќе биде изведена најновата „Имровокација, односно четвртата епизода од петтата сезона.

Во оваа епизода од мегапопуларната  „Импровокација“  ќе дознаете која е разликата помеѓу зимските гуми за жвакање и зимските гуми за возење. Дали Мирко навистина му го спасил животот на Славко? Зошто 1 декември е Светски ден за борба против СИДА-та… За овие и за други прашања кои го мачат космосот ќе полемизираат луѓето од естрадата:
Филип Кипровски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски со вокално-музичка поддршка од: Филип Ангеличин-Жура и Никола Јосифоски.

Најновата „Импровокација“ ќе започне во 20:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари