Пеце Рајатоски стана дел од екипата на РК Струга

- Локални, Спорт
910

Битолчанецот Пеце Рајатоски од денеска е нов член на РК Струга. Станува збор за успешен ракометар кој доаѓа од екиапата Кастриоти од Косово, тим со кој го освоија Купот на Косово. Рајатоски има искуство и како репрезентативец во редовите на младинската репрезентација на Македонија со која учествуваше на младинското европско првенство во Австрија.

Со ракометот започнал да се занимава на свои дванаесет години во ракометната школа „Хераклеа” во Битола.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари