Полициските службеници во Охрид денеска ќе им подарат лампиони на граѓаните

- Локални
316

Денеска во 12.30 часот, СВР Охрид и Интернационалната полициска асоцијација Охрид, ќе го реализираат превентивниот проект „Новогодишни лампиони за среќна Нова година”.  Проектот е започнат во 2008 година во чии рамки, полициските службеници на охриѓани и гостите што во Охрид ќе ги прославуваат новогодишните празници, им подаруваат новогодишни лампиони како знак за пријателство и добредојде со желби за среќна Нова година. Секако, полициските службеници на граѓаните и пред се на возачите на моторни возила ги потсетуваат за потребата од внимателно управување на возилата, почитување на сообраќајните правила и прописи, некористење алкохол, придонес за стабилен јавен ред и мир, се со цел, беспрекорна безбедност за време на Новогодишните празници. Предвидено е, во 12.30 часот, да биде поставен сообраќаен пункт на пресекот на булеварот „Туристичка” со улицата „Даме Груев” во Охрид.

Facebook Коментари