После празниците ракометарите од Школата „Кирил Лазаров 7“ во Струга и Охрид продолжуваат со тренинзи

- Локални, Спорт
1521

После новогодишните и Божиќните празници Школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ продолжува со трененинзи.

„Беа добри ученици во училиште, добри ученици во школата на капитенот и по заслужениот зимски распуст преку 500 дечиња од 11 школи низ Македонија се враќаат во сала. За да продолжат со тренинзите на омилениот спорт.“ – велат од Школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“.

Освен во другите градови, тренинзите ќе продолжат и во школата во Струга и тоа на 15.01.2018 година во истите термини како и претходно. За време на распустот, за повеќе информации, сите членови на школата треба да го контактираат нивниот тренер  Дејан Коцарески.

Тренинзите во Охрид ќе продолжат на 23.01.2018  и ќе се одржуваат  во ОУ Христо Узунов од 18:40 мала група, во ОУ Григор Прличев од 20:30 голем група. Oсвен во Струга и Охрид, школата на Кирил Лазаров функционира и во Скопје, Свети Николе, Тетово, Чешиново-Облешево, Куманово, Стојаково и Богданци.

Извор и фото : КЛ7

Strugaonline

Facebook Коментари