После третиот турнир во WABA U17 ЖКК Струга 2009 има четири победи и два порази

- Локални, Спорт
651

Во рамките на Јадранска кадетска лига, трет турнир во Грац, Австрија, екипата на  Ледита (Домжале Словенија) ја совлада екипата на ЖКК Струга 2009 со резултат 76:56- по четвртини (19:12; 15:15;27:12 ;15:27). Најдобри во нашата екипа беа Белеска со 16 поени и 10 скока, Модева со 10 поени и 9 скока, Влејаноска постигна седум поени и имаше три асистенции како и пет освоени топки. Укоска постигна 12 поени.

После доброто прво полувреме, нашите кошаркарки имаа пад во играта во третата четвртина, се обидоа да се вратат во четвртата четвртина но немаа доволно сила за пресврт. Селекторот Ѓоровиќ за Strugaonline истакна дека најконстантната кошаркарка во оваа лига, Чолакоска, имала проблем со температура па не можела да го даде својот максимум.

Во натпреварот помеѓу екипата на Грац и Струга 2009 нашите кошаркарки славеа со резултат 41:77 , по четвртини ( 11:25;09:23;12:14;09:15). Најдобри во нашиот тим беа Стоевска со 20 поени и 9 скокови, Белеска постигна 16 поени и 10 скокови, Модева имаше 14 поени и пет скокови. Уковска постигна 10 поени, Велјаноска четири поени и седум асистенции и шест украдени топки. Чолакова имаше девет скокови и седум асистенции.

После третиот турнир ЖКК Струга 2009 има скор – четри победи и два порази. На следниот турнир нашата екипа е домаќин, а истиот ќе се одржи на 23-ти февруари

 

Strugaonline

Facebook Коментари