Премиера на претставата „Сон на летната ноќ“ од Шекспир вечерва на „Охридско лето“

- Локални
765

Вечерва со почеток од 21:00 часот на сцената на Долни Сарај ќе биде одиграна премиерата на театарска претстава „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир
во режија на Џон Блондел, а  во продукција на НУ Народен театар Битола, Македонија.

Публиката ќе има можност да види и доживее едно поразлично издание на Шекспировата драма.

Режисерот Блондеј има долгогодишна сорбаотка со Битолскиот театар, што значи дека истата вродува со плод и носи многу успеси.
Во претставата играат актерите: Петар Горко, Илина Чоревска, Никола Пројчевски, Марјан Ѓорѓиевски, Викторија Степановска-Јанкуловска, Маја Андоновска- Илиjевски,Слободан Степановски,  Александар Стефановски, Огнен Дранговски,  Катерина Аневска, Петар Спировски, Соња Михајлова, Јулијана Мирчевска, Валентина Грамосли,
Менка Бојаџиева, Јулијана Стефановска, Елена Моше.

Претставата Сон на летната ноќ, во Битолскиот театар првпат ја режирал Слободан Унковски  во 1984 година, а премиерата била изведена во Охрид.
Драматург на претставата е Билјана Крајчевска, костимограф Благој Мицевски, сценограф Валентин Светозарев, музика Александар Димовски.

Facebook Коментари