Проекции на филмот „Маking Оff“ во Струга

- Локални
813

Вечерва и утревечер  со почеток во 19:00 часот во Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга  ќе се прикажува филмот „Making Off“.

Мејкинг Оф е вистинска приказна за урбаното живеење во метропола каква што е Скопје. Главни ликови се Соња, Продуцентот, Гратисот и Режисерот. Сите имаат различна мотивација – зошто сакаат да го снимат филмот. Испреплетени се во страсни врски и сета младешка енергија подгреана од асфалтот ја насочуваат во сексот. Но, дали е тоа доволно? Од филмот ќе откирете дали во тој општ галиматијас има место за љубов? “-  вели режисерот Кузмановски.

Во главните улоги играат: Александар Микиќ, Александра Павлова, Владо Дојчиновски, Ванчо Петрушевски, Хана Менсон

Оригинална музика: Александар Тодороски Алекс и Кешо Д`Далтонс
Сценографија: Соња Миовска
Костим: Даниела Петковска

Влезот чини 100 денари, содржината на филмот не се препорачува за лица помлади од 18 години.

Strugaonline

Facebook Коментари