Промоција на романот „Утринска молитва“ oд Петко Шипинкароски на Саемот на книгата во Белград, 2018

- Локални
763

Денеска, на Меѓународниот саем на книгата во Белград, во сала 4, на штандот на Книжевното друштво на Косово и Метохија од Косовска Митровица, Канцеларија на Косово и Метохија, во 13, 45 часот ќе се одржи промоција на романот „Утринска молитва“ на македонскиот автор Петко Шипинкаровски, што  деновиве, Книжевното друштво на писателите од Косовска Митровица го објави романот „Утринска молитва“ на српски јазик, а го го преведе српската писателка и преведувачка,  Снежана Дабиќ од Белград.

На книжевниот настан, пред бројните љубители на книгата на саемот, ќе зборуваат угледните српски автори Снежана Дабиќ – писател од Белград, Новица Соврљиќ писател и претседател на Книжевното друштво на Косово и Метохија и доц. д-р Раде Вучиќевиќ писател и литературен критичар од Пожега, Србија.

Композицијата на романот се темели на повеќе мотивски столбови, меѓу кои два се најјаки и најцврсти – Доброто што го победува Злото и корените како потврда на идентитетот, постоењето, битисувањето на еден народ кој, при тоа, не го загрозува идентитетот на другите народи, туку, напротив, показува љубав и жеба за слога и соработка на балканските простори и воопште помеѓу чоивечкиот род – покрај другото ќе рече Снежана Дабиќ во својата рецензија.

Додека пак рецензентот доц. д-р Раде Вучиќевиќ, вели:

Петко Шипинкаровски со ова дело подигна уште еднн уметнички и књижевен споменик на праведољубието, вистинољубието, човечноста и заједничкиот живот на сите љуѓе, и да злото повеќее никогаш не се повтори, а наместо судири и омраза, меѓу љуѓшето, да владее мир, слога и толеранција“.

Рроманот Утринска молитва на Петко Шипинкаровски на 12-ти овој  месец беше промовиран  на Саемот на Книгата во Франкфурт на Мајна.

Овој роман го издаде  Издавачката куќа „Македонија Презент“ од Скопје, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Промоции на македонското издание на „Утринска молитва“ имаше на Саемот на книгата во Скопје (2015), во јавната општинска установа библиотека „ИСКРА во Кочани (2016) и на Саемот на книгата во Белград(2017), а свои рецензии за овој роман пишувале; проф. д-р Христо Петрески, д-р Марина Мијаковска, д-р Мерсиха Исмајлоска и проф. д-р Васил Тоциновски и Мирјана Стојановска.

Петко Шипинкаровски е писател и поет, преведувач, публицист, драмски автор, есеист и книжевен критичар.  Член е на Друштвото на писателите на Македонија, член на Здружението на новинарите на Македонија, почесен член на Друштвото на писателите на Србија и на Книжевното друштво на Косово и Метохија и надворешен член на Сојузот на независни писатели на Бугарија.

Добитник е на многубројни награди и признанија.

Преведен и препеан на повеќе светски јазици. Живее и работи во Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари