Промоција на собраното творештво на авторот Димитрие Дурацоски на „ДримОН“

- Локални
712

На 27-ми јули, во склоп на шестото издание на фестивалот „ДримОН“ ќе биде промовирано собрано творештво на познатиот писател Димитрие Дурацоски од Струга.

Станува збор за ре-изданија на познатите дела „Тајна историја црни пророци“ , „Бели сенки, далечни гласови“  и „Инсомниа“ .

Творештвото на Димитрие Дурацоски е од исклучително значење за македонската литература. Сосема заслужено, Дурацоски е добитник на бројни книжевни награди и признанија во Македонија и надвор од нашите граници.  За романот „Инсомниа“ објавен во 2001 година, Димитрие Дурацоски ја доби престижната наградата  „Рациново признание.“

 Промоцијата ќе се одржи на Летната сцена при Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во  Струга со почеток во 20:30 часот.

За делата на Дурацоски ќе гооворат: Живко Гроздановски, Никола Гелевски, Оливера Ќорвезироска, Елизабета Шелева и Тихомир Јанчовски

Промоцијата е во организација на „ДримОН“ во соработка со издавачката куќа „Темплум“.

Strugaonline

 

Facebook Коментари