РК Струга убедливо славеше на гости во Делчево

- Локални, Спорт
903

Ракометниот клуб „Струга“ носи нова радост за сите страсни навивачи и љубители на ракометот од нашиот град. Овој пат,  дека Струга е вистински расадник на ракометни таленти нашите ракометари докажаа на гости во Делчево каде ги совладаа домаќините со убедливи 18:29 и покажаа одлична игра во текот на целиот натпревар.

Најефикасни во нашите редови беа Цветан Кузмановски со 7, а по 4 погодоци имаа Валентино Белевски, Глигор Гајиќ, Александар Тренчевски и Христијан Крстаноски. Во екипата од Делчево  најдобар беше Ален Митрев со 5 погодоци.

Уште на почетокот на натпреварот беше јасно дека станува збор за еден рутински натпревар кој секако носи победа за Струга.

Strugaonline

 

Facebook Коментари