Сениорките на ЖРК Стружанка постигнаа важна победа против ЖРК Куманово

- Локални, Спорт
676

Сениорките на ЖРК Стружанка славеа на домашен терен над ЖРК Куманово.

Натпреварот пред речиси полни трибини започна во полза на ЖРК Стружанка , нашите ракометарки поведоа со 5:1, но гостите направија пресврт и на крај на првиот дел имаа минимална предност  од 7:8.

Вториот, исто  како и првиот дел започна во корист на сениорките на ЖРК Стружанка кои по паузата влегоа доста мотивирано и не дозволија да се случат изненадувања на домашен терен пред домашната публика. За многу брзо време сениорките резултатски влегоа во ритам и резултатот беше веќе во позитива за ЖРК Стружанка.

ЖРК Стружанка својата предност  умешно ја чуваше цело второ полувреме  и не дозволи гостите да се израдуваат. На самиот крај се играше доста грубо каде што имаше и исклучувања и повеќе неспортски прекшоци. Крајот беше возбудлив со неизвесни моменти кога ракометарките од Куманово успеаа да израмнат (18:18,)  но расположената голманка на ЖРК Стружанка, Митоска Марина, не го дозволи тоа,  а во нападот по успешната одбрана се најде расположената Бојана Јованоска која во 58 и 59 минута ги постигна 19-от и 20-от погодок за ЖРК Стружанка за да Затуроска Ивана во последниот напад постигне погодок и да ги оддалечи гостите на -2 . Крајниот резултат беше 21:20 за ЖРК Стружанка.

Оваа е многу важна победа на ЖРК Стружанка каде што ќе се зацрвсти со 9 погодоци веднаш до Пелистер и ќе остане во борба со екипите од горниот дел на табелата.

Стрелци на натпреварот за ЖРК Стружанка беа:

  1. Бојана Јованоска 11 погодоци
  2. Ивана Затуроска 5 погодоци
  3. Магдалена Делиоска 4 погодоци
  4. Радмила Јовичанац 1 погодок

Извор: ЖРК Стружанка/Strugaonline

фото: ЖРК Стружанка

Facebook Коментари